Педулакис го менува Ѓорѓевиќ на кормилото на Панатинаикос

Од:

Грчкиот кошаркарски гигант Панатинаикос веднаш најде замена за српскиот тренер Александар Ѓорѓевиќ, кој заработи отказ од атинската екипа по елиминацијата во четвртфиналето на Евролигата.

Панатинаикос во вторникот беше елиминиран од Лаборал во серијата која шпанската екипа ја доби со максимални 3-0 во победи, по што Ѓорѓевиќ доби отказ, а на негово место на клупата на Панатинаикос ќе седне Аргирис Педулакис.

За Педулакис ова е втор пат како ќе седне на „жешкото“ тренерско столче на Панатинаикос, тим во кој 51-годишниот тренер работеше во периодот од 2012 дд 2014 година, период во кој освои една титула до грчкиот шампионат, како и два трофеа во националниот куп.

Тој во сезоната 2014/2015 го предводеше тимот на Уникс Казан, а претходно бил тренер и во екипите на: Перистери, Македоникос, Панелиниос, ПАОК и АЕК.

Сепак, колку Педулакис ќе остане на клупата на „зелените“зависи од резултатот кој ќе го има во домашниот шампионат, бидејќи тој е ангажиран од управата на Панатинаикос до крајот на тековната сезона.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос