Павичевиќ поднесе оставка на селекторското место во Црна Гора

Од:

Лука Павичевиќ веќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Црна Гора. Тој на синоќешната седница на Претседателството на тамошниот сојуз ја презема одговорноста за неуспехот во квалификациите за Европското првенство и понуди оставка која му беше прифатена.

– Претседателството го прифати извештајот кој беше поднесен од досегашниот селектор и изнесените причини за резултатскиот неуспех во квалификациите. Следуваат активности за надминување на проблемите и понатамошен просперитет на црногорската кошарка, соопштија од Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора и му се заблагодарија на Павичевиќ за досегашната работа како селектор.

Под негово водство Црна Гора на 21 натпревар забележа 16 победи, сепак необезбеденото учество на Евробаскет 2015 беше доволна причина Павичевиќ да го напушти селекторското место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос