Паркер нов амбасадор на Рено

Од:

Француската автомобилска компанија Рено објави поширока информација за новата соработка со ѕвездата од NBA, еден од главните адути на националната француска кошаркарска репрезентација Тони Паркер, кој вчера ги одведе во финалето на Европското првенство.

Тој ќе биде амбасадор на новата верзија на кросоверот Koleos во текот на следните две години.

Тони Паркер ќе биде заштитно лице на новата глобална кампања за New Renault Koleos, која стартува следниот месец. Кошаркарот ќе земе учество во бројни активности во различни земји во целиот свет, а францускиот производител на автомобили ќе ги финансира тренинг камповите на Паркер (Tony Parker Camps), кои им овозможуваат на младите кошаркари да навлезат во тајните на оваа игра и да се запознаат поблизу со својот идол.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ