Паркер ќе ги предводи Французите во Рио

Од:

Најдобриот француски кошаркар Тони Паркер ја израдува нацијата со најавата дека ќе ги предводи на пат кон Олимписките игри во Рио летово.

Тој во интервју за „Ле Кип” потврди дека ќе биде дел од тимот на Франција за следните квалификации, кои ќе се одржат на Филипините, а потоа и на Олимписките игри во Бразил.

– Да, би сакал да играм за Франција. најпрво на квалификациите на Филипините, а потоа се надевам дека ќе се пласираме и на ОИ во Рио, изјави 33-годишниот Паркер.

Во својата долга и богата кариера, Паркер единствено не играше за француската репрезентација на СП во Шпанија, а со „Триколорите“ има освоено четири медали на Европските првенства, додека на минатите Олимписки игри со Франција заврши на шестото место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос