Панатинаикос треба да се раздели со огромна сума ако сака да ја напушти Евролигата

Од:

Целите на 38-кратниот шампион на Грција Панатинаикос се јасни – непосредно раздвојување од Евролигата и откажување од нејзината лиценца и акции. Сепак, ова може да не се случи на начин на кој сакаат „детелините“, бидејќи клубот потпиша 10-годишен договор со Евролигата во 2015 година.

„Еврохупс“ информира дека во правилата на Евролигата постои одредба што може да се искористи во случај на откажување на клубот од лиценцата, но овде не е случај. Одредбата не влегува во сила кога клубот поради некоја причина сака да се повлече од турнирот додека има лиценца.

Доколку Панатинаикос сака да ја напушти Евролигата, тогаш обештетувањето според договорот, што треба да го платат шесткратните шампиони на турнирот на богатите, ќе биде огромно – 10 милиони евра.

Напуштањето на Грците нема да биде едноставно како што тие очекуваат. Дури и ако случајот оди на суд, ќе биде потребно премногу време за да се донесе таква сериозна одлука. Евролигата исто така може да оди на суд и да бара надомест за намерите на ПАО.

Ако Панатинаикос се обиде да се отцепи од Евролигата без да ја плати клаузулата, тогаш на грчкиот клуб му треба одобрение од другите клубови за нешто слично да се случи. Многу е сомнително дали тимовите ќе дозволат да се случи вакво нешто.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска