Екипата на Панатинаикос се избори за решавачки петти натпревар против ЦСКА Москва во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.
На средбата одиграна вечерва во Атина, екипата на Панатинаикос славеше победа против ЦСКА со 73:72 по продолжението откако регуларниот дел заврши нерешено 64:64.
Со оваа победа Панатинаикос го израмни резултатот на 2:2 во меѓусебните дуели со ЦСКА. Така, мајсторката во петок која ќе се игра во Москва ќе реши која екипа ќе и се приклучи на Барселона на завршниот Фајнал фор турнир во Милано.
Вечерва се играат уште два дуели во кои Макаби со предност од 2:1 во победи против Емпорио Армани ќе се обиде пред домашната публика да стигне до третата победа и полуфиналето, додека актуелниот европски шампион Олимпијакос ќе треба да ја анулира негативата од 2:1 во дуелот со Реал Мадрид.