На првиот натпревар од денешната програма од 21. коло од Евролигата кошаркарите на Панатинаикос забележаа победа на гости кај Галатасарај со 84:79.
Гостите од Атина до триумфот стигнаа со подобрата игра во втората четвртина, а потоа водство го сочуваа до крајот на натпреварот.
Најефикасен на дуелот беше играчот на Панатинаикос Мајк Џејмс со 18 поени.
Резултати на вчера одиграните натпревари од 21.коло: Уникс Казан – Олимпијакос 75:90, Жалгирис – Барселона 89:85, Фенербахче – ЦСКА Москва 77:71, Бамберг – Макаби 90:75 и Милано Армани – Дарушафака 89:87.
Вечерва се играат и дуелите: Басконија – Реал Мадрид и Црвена Звезда – Анадолу Ефес.
Табела: ЦСКА Москва 15-6 (победи-порази), Реал Мадрид 15-5, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Панатинаикос 12-9, Црвена Звезда 12-8, Басконија 12-8, Дарушафака 10-11, Жалгирис 9-12, Анадолу Ефес 9-11, Барселона 8-13, Бамберг 8-13, Макаби 7-14, Уникс 7-14, Милано Армани 7-14, Галатасарај 6-15.