Со вкупна комбинирана сила од 680 кс, новиот „Порше Панамера Турбо СЕ-Хибрид“ воедно е и еден од најбрзите модели во понудата на овој германски производител.
Со оглед на фактот дека ексклузивниот „Порше 918 Спајдер“ повеќе не се произведува, „Панамера Турбо СЕ-Хибрид“ изби на чело меѓу најсилните актуелни модели на „Порше“.
Овој автомобил за погон користи 4.0-литарски твин-турбо В8 што испорачува 550 кс. а му помага електромотор со 136 кс. Вкупната комбинирана сила на два агрегата изнесува 680 „коњи“, додека максималниот вртежен момент изнесува 850 Нм, а достапен од 1.400 о/мин.
Перформансите на автомобилот подеднакво се импресивни. Од 0 до 100 километри на час „Панамера Турбо СЕ-Хибрид“ стигнува само за 3,4 секунди, додека максималната брзина е 310 километри на час.
Како споредба, „Порше 911 ГТЗ РС“ што е познат како изразено спортски автомобил, до стотка забрзува за 3,3 секунди, додека неговата максимална брзина е иста како кај овие хибридни лимузини.
Освен силата, „Панамера Турбо СЕ-Хибрид“ може да се пофали и со солидна автономија во возење на струја. Ако за погон користи само електрична енергија, во состојба е да помине повеќе до 50 километри, што е доволно за пократките дневни релации низ град.
За тоа се заслужни литиум-јонските батерии со капацитет од 14,1 квч, што на регуларен домашен штекер се полнат за шест часа. Со помош, на опциоскиот, брз 7,2 киловатен полнач времето на полнење се скратува на 2,4 часа.
„Порше Панамера Турбо СЕ-Хибрид“ ќе дебитира на претстојниот саем на автомобили во Женева.