Пад од пет места за Македонија на ФИФА листата

Од:

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од пет позиции на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска. Сега Македонија се наоѓа на 105.место со 311 поени.

Од противниците во квалификациската група на „рисовите“ најдобропласирана е Шпанија на 12.позиција, Словачка е 15-та Украина е на 27.место, Белорусија е 100-та, а најслаб рејтинг има Луксембург кој е на 146. место.

Во ТОП 10 се наоѓаат Аргентина, пред Германија, Белгија, Колумбија, Холандија, Бразил, Португалија, Романија, Англија и Велс.

Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 6 август.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи