Пад на Надал на АТП листата

Од:

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал повеќе не е меѓу најдобрите тројца на најновата АТП листа, на која убедливо прв е Новак Ѓоковиќ.

Надал загуби бодови бидејќи не ја одбрани титулата на турнирот во Рио де Жанеиро (испадна во полуфиналетоод Фоњини) и му го препушти третото место на Енди Мари. Сепак предноста на Британецот изнесува само 35 бода.

Во Топ 10 се случи уште една промена на десеттото место Григор Димитров го мина Марин Чилиќ кој поради повреда сеуште нема одиграно ниту еден меч во новата сезона.

Од макеоднските тенисери на АТП листата најдобро е рангиран Томислав Јотовски (540 место), следуваат Димитар Грабул (667), Стефан Мицов (1308), Бесир Дургути (1310), Шендрит Деари (1394)

АТП листа, Топ 10:

1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 13.045

2. Роџер Федерер (Швајцарија) 9205

3. Енди Мари (Велика Британија) 5460

4. Рафаел Надал (Шпанија) 5425

5. Кеи Нишикори (Јапонија) 5205

6. Милош Раониќ (Канада) 4980

7. Станислас Вавринка (Швајцарија) 4595

8. Томаш Бердих (Чешка) 4460

9. Давид Ферер (Шпанија) 4185

10. Григор Димитров (Бугарија) 3465.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров