Отворена скијачката сезона на Попова Шапка

Од:

Скијачката сезона во скијачкиот центар Попова Шапка денеска и официјално почна. Снежната покривка е околу 60 сантиметри што овозможува речиси идеални услови за скијање и санкање.

Скијањето денеска е бесплатно, а се најавува и ноќно скијање. Според директорот на скијачкиот центар Перо Димитриески, новите врнежи снег ќе овозможат сите скијачки патеки и ски лифтови наскоро целосно да профункционираат. На Попова шапка има седум ски лифтови и две жичарници.

– Моментно функционираат ски лифтовите на Аеродром и Ге. Следните денови ќе ги пуштиме и останатите но за Церипашина ќе ни биде потребно уште врнежи од снег  најмалку околу 20 сантиметри. Сите жичарници и ски лифтови се целосно обновени со нови сајли. Очекуваме за време на новогодишните и божиќни празнувања, како и зимскиот распуст многу туристи од земјава и странство, изјави Димитриески.

Покрај хотелот Славија каде има организиран дочек на Новата година, исполнети се и хотелот Попова Шапка, како и над петстоте викендички и останатите сместувачки капацитети во овој зимски центар.

Би можело да ве интересира

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Снег од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка

Предраг Петровиќ

На Попова Шапка најстудено со – 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри