Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Од:

Снег со слаб интензитет провејува на Попова-Шапка и на планинскиот премин Пресека, кој во моментов не се задржува на коловозот, соопшти попладнево АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, а најмногу дожд во Тетово

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Голема потрага по планинарка од Бугарија – исчезна на Попова Шапка

Бандера со струја во спалната соба-нови архитектонски стандарди на Попова Шапка

Горан Наумовски

На Пелистер падна снег