Отворен Меѓународниот младински турнир во ракомет во сала „Скопје 2015“

Од:

Со дефиле на клубовите – учесници синоќа на плоштадот во Автокоманда беше отворен петтиот по ред Меѓународен младински турнир во ракомет во сала „Скопје 2015“.

Како што соопшти Град Скопје, на турнирот силите ќе ги одмерат 20 екипи од 12 клубови од Македонија, Србија и од Црна Гора, во машка и во женска конкуренција. На спортската манифестација што ќе трае до 19 август, учествуваат повеќе од 300 ракометари, а натпреварите ќе се играат со спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ и во салата „Расадник“ во Кисела Вода.

Организатор на Меѓународниот младински турнир во ракомет во сала „Скопје 2015“ е Ракометниот клуб „Работнички“ од Скопје. Градот Скопје е покровител на турнирот и финансиски ја поддржува неговата организација со 70.000 денари.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa