Осма титула во двојки за Ѓорческа во 2015 година

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа заедно со Шантал Скамлова победија во игра на двојки на фјучрсот во Врњачка Бања и ова за Ѓорческа е осма титула во конкуренција на двојки во 2015 година.

Тие попладнево во финалето ги победија српските тенисерки Марина Лазиќ и Бојана Маринковиќ со 2:0 во сетови (6:4 и 6:0) и со тоа ја оправдаа улогата први носителки.

Ѓорческа ќе продолжи со настапите на овој турнир, но во поединечна конкуренција.

Таа денеска ја победи Џулиета Естабле од Аргентина со 2:0 во сетови и утре во полуфиналето ќе игра против Габриела Хорачкова од Чешка, која со 2:1 во сетови во четвртфиналето ја совлада Кристина Милетиќ. Хорачкова се наоѓа на 1006. место на ВТА листата.

Ѓорческа и во поединечна конкуренција е рангирана како прва носителка.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров