Осака за Коби: Благодарам што беше толку скромен и покрај твојата величина

Од:

Двократната шампионка на тениските Грен слем турнири, Наоми Осака му оддаде почит на Коби Брајант кој загина вчера во хеликоптерска несреќа.

– Ти благодарам што беше единствен. Зашто инспирираше толку многу луѓе. Не можеш ниту да замислиш колку срца трогна. Ти благодарам што беше толку скромни и не се фалеше за својата величина.

Ти благодарам што се грижеше за мене по моите тешки порази. Од време на време тој само ми пишуваше: Дали си нормална? Затоа што знаеше што има хаос во мојата глава.

Ти благодарам што имав среќа да те познавам и за се што ме научи.

Благодарам што беше и засекогаш ќе останеш мојот постар брат, моја инспирација. Те сакам! – напиша Осака.

Покрај Коби Брајант, во урантиот хеликоптер кај Калабасас, Калифорнија, кој беше во сопственост на поранешниот НБА кошаркар, животот го загубија уште и неговата 13-годишна ќерка Џиана, како и седум други лица вклучително и пилотот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Емотивен говор на вдовицата на Коби, Џордан едвај се воздржа да не заплаче

Ана Ололовска

Брејди против Осака во женското финале на Австралија опен

Мистеријата за гробот на Коби: Никој не знае каде е закопан, човек уапсен за копање на погрешно место

Ана Ололовска

Помина една година од смртта на легендата на НБА, Коби Брајант

Ана Ололовска

Лејкерс петтиот натпревар од финалната серија ќе го играат во дресови посветени на Коби Брајант

Ана Ололовска

Наоми Осака е најплатената спортистка во светот

Жарко Настоски