Општина Крушево организира светски куп во параглајдинг – „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“

Од:

Во рамките на Проектот локална и регионална конкурентност, дел од ИПА 2 програма на ЕУ, пот-проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“, општина Крушево организира светски куп во параглајдерство под наслов „Пролетен меѓународен куп Крушево 2019“ од 26-ти мај до први јуни на Мечкин камен во Крушево.

Покрај натпреварувачки карактер овој натпревар има и едукативен карактер што значи дека повеќе типови на параглајдеристи ќе го посетат Крушево, од професионалци до аматери. За овој натпревар предвидени се од 120 до 150 учесници, а градот очекува повеќе од 500 посетители само како резултат на параглајдинг натпреварот.

„Продолжуваме со имплементацијата на овој проект за развој на авантуристичкиот туризам во Крушево и дополнително ќе го поттикнеме бројот на посетители да се зголемува. Светскиот куп во параглајдерство ја збогатува понудата кон посетителите и Крушево го издигнува место погоре на мапата на авантуристичките туристи од целиот свет.“ изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Во рамките на пот-проектот „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ во моментов локалната самоуправа работи на реконструкција на спортската сала, набавка на комбе за параглајдеристите, опрема за спасувачи, изработка на интернет страница, апликација и промотивно видео.

Би можело да ве интересира

Параглајдерист од Швајцарија тешко повреден при пад во прилепско

Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″

Ана Ололовска

Во Крушево налето ново првенство во параглајдерство

Жарко Настоски

Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Ана Ололовска

Крушево ќе добие 4,2 милона денари за реконструкција на полетуваиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Ана Ололовска

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

Ана Ололовска