Со поддршка од страна на Општина Кисела Вода кошаркарската Академија ФМП организира бесплатни тренинзи за сите деца кои се со постојано живеалиште на територијата на општината.
Бесплатните кошаркарски тренинзи кои се дел од проектот на локалната самоуправа „Спорт за секое дете“ ќе се одвиваат во спортската сала „Независна Македонија“. Истите имаат за цел правилно насочување и развивање на младите.
-Сакам да истакнам дека благодарение на одличната соработка со Општина Кисела Вода предовдена од градоначалникот Филип Темелковски ние како клуб имаме можност да организираме бесплатни тренинзи за сите деца кои се со постојано живеалиште во Кисела Вода. Нашите цели и планови се преку овие тренинзи децата уште од најрана возраст да ја засакаат кошарката и да се насочат кон вистинските вредности во нивните животи. Верувам дека оваа успешна соработка со градоначалникот Темелковски и Одделението за спорт при Општина Кисела Вода ќе продолжат и во иднина и истата ќе вроди со плод за развивање на кошарката. За крај, ги повикувам сите заинтересирани да се пријават на бесплатните кошаркарски тренинзи, да дојдат да се дружат, да спортуваат и еден ден да станат познати и успешни кошаркари. Спортската опрема за сите деца ќе биде бесплатна, нагласи Никола Божиноски, сопственик на Академија ФМП.
Тренинзите кои ќе започнат на 3 – ти април ќе се одржуваат во следниве термини:
Понеделник: 16:00 – 17:00
Вторник: 17:00 – 18:00
Среда: 17:00 – 18:00
Четврток: 16:00 – 17:00
Сите заинтересирани за бесплатните кошаркарски тренинзи можат да добијат информации на телефонскиот број 075 782 863 или директно да аплицираат на следниот мејл [email protected].