Двеста осумдесет ученици од 6-то до 9-то одделение, од седумте општински основни училишта, денеска учествуваа на атлетскиот крос “Центар 2016“. Општина Центар за прв пат го организира овој крос.
Во категории на девојчиња и момчиња, основците трчаа на кејот покрај Вардар и се натпреваруваа во 8 делници.
Градоначалникот на општина Центар им додели пехари на најдобрите во сите категории.