Обединетите нации преиспитуваат партнерство со Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) поради корупцискиот скандал што ја погоди таа организација, изјави Стефан Дижарик, портпарол на ОН.
– Го преиспитуваме нашиот партнерски однос, изјави портпаролот на ОН.
ОН и ФИФА тесно соработуваат во промоција на здравје, полова рамноправност и заштита на децата.
Седуммина официјални претставници од ФИФА беа уапсени во Цирих под обвинение за корупција по барање за испорака од американските власти.