Пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сочи, руски астронаути ќе го однесат олимпискиот факел во вселената, изјави заменик директорот на Руската вселенска агенција Виталиј Давидов.
– Тоа нема да биде копија на факелто туку истиот кој ќе биде запален на Зимските олимписки игри, посочи Давидов.
Тој додаде дека „шетањето во вселената со олимпискиот факел“ веќе е договорено со Рускиот олимписки комитет.
Руските астронаути Олег Котов и Сергеј Ријажански ќе го однесат факелот во вселената во ноември, а враќањето на Земјата е предвидено на 12 ноември. ЗОИ во Сочи ќе бидат одржани во февруари 2014 година.