Олимписката штафета предадена на Бразил

Од:

Британскиот амбасадор во ОН, Марк Грант, чија земја минатата година ги организираше Олимписките игри во Лондон, му ја предаде Олимписката штафета на Луиз Алберт Фигуеиред Мачад, постојан претставник на Бразил во ОН, земјата која ќе биде домаќин на Олимпијадата во 2016 година.

На свеченото примо-предавање во Њујорк присуствуваше и генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, како и голем број дипломати.

Во обраќањето пред присутните Бан изрази уверување дека Бразил ќе биде успешен домаќин на следната Олимпијада, додавајќи дека организацијата на оваа спортска манифестација дополнително ќе го поттикне економскиот развој на земјата.

Нагласувајќи ја симболиката на предавањето на Олимписката штафета, Бан истакна дека предавањето од рака на рака претставува симбол на мирот и соживотот.

Грант потсети дека лондонската Олимпијада помогна во спортскиот развој на повеќе од 11 милиони деца во дури 20 земји од светот и го исполни своето мото на изградба на мир и солидарност меѓу различните народи и нации.

Бразилскиот амбасадор во ОН изрази уверување дека и Олимпијадата во неговата земја ќе биде успешна смотра и ќе придонесе за економски просперитет на Бразил.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он