Олимпијакос со „брејк“ кај Барселона

Од:

Шпанските екипи не успеаја максимално да ја искористат предноста на домашниот терен и да стигнат до втора победа во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.

За тоа се погрижи екипата на Олимпијакос која синоќа на гостувањето кај Барселона славеше победа со 76:63 и го израмни резултатот на 1:1 во победи.

Претходно, Реал Мадрид не му дозволи на Анадолу Ефес да направи изненадување, иако турскиот тим беше блиску до победа, но на крајот „Кралевите’’ славеа триумф со 90:85, со што поведоа со 2:0 во победи.

Сега серијата, подобар до три победи се сели во Истанбул и Атина, каде во вторник ќе се играат третите натпревари, а доколку е потребно и четвртите.

Потсетување дека домашниот терен беше предност и за екипите на ЦСКА Москва и Фенербахче, кои водат со 2-0 во победи против Макаби и Панатинаикос и за пласман на „фајнал форот“ потребен им е уште еден триумф.

Третите мечеви овие екипи ќе го играат в понеделник, во Тел Авив и Атина.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска