Олимпијакос се избори за мајсторка со Анадолу Ефес

Од:

Екипата на Олимпијакос се избори за решавачки петти меч против Анадолу Ефес во четвртфиналето на кошаркарската Евролига.

Составот од Атина синоќа на гостувањето во Истанбул го совлада Анадолу Ефес со 74:62 и го израмни резултатот на 2-2 во победи.

Со тоа Олимпијакос се избори за мајсторка и тоа пред својата публика, меч по кој ќе биде познат и последниот учесник на завршниот „фајнал-фор“ турнирот во Евролигата.

А, место во полуфиналето вчера изборија кошаркарите на Реал Мадрид кои до третата победа над Дарушафака стигнаа на теренот на противникот кого го совладаа со 89:78, за конечни 3-1 во победи.

Претходно пласман на ,,фајнал-форот” кој ќе се одржи во Истанбул обезбедија бранителот на шампионскиот трофеј ЦСКА Москва и Фенербахче.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска