Актуелниот европски првак Олимпијакос се избори за петти натпревар против фаворизираниот Реал Мадрид, откако синоќа во Пиреја славеше победа со 71:62.
Домаќините предноста од осум поени стекната во втората четвртина успеаја да ја сочуваат до крајот и да го изедначат резултат на 2-2 во победи.
Претходно и вториот атински состав, Панатинаикос обезбеди мајсторка во четвртфиналната евролигашка пресметка со ЦСКА Москва.
Синоќа пласман на завршниот „фајнл фор“ турнир од кошаркарската Евролигата обезбеди Макаби по победата над Армани Милано со 86:66, а од порано тоа го имаше направено Барселона.
Завршниот турнир ќе се одигра во Милано, Италија од 16 до 18 мај.