Екипата на Олимпијакос забележа победа над Анадолу Ефес со 74:60 во воведниот натпревар од 2.коло на кошаркарската Евролига, одигран попладнево во Атина.
Покрај оваа средба, вечерва се играат уште три натпревари.
Германскиот првак Бамберг е домаќин на Уникс Казан, во Тел Авив кај Макаби гостува Реал Мадрид, а во последниот денешен меч ќе се сретнат Дарушафака и Милано.
Преостанатите четири средби на програмата се утре.
Актелниот европски првак ЦСКА Москва е домаќин на Панатинаикос, додека во Истанбул кај Галатасарај гостува Црвена ѕвезда.
Во Каунас на мегдан на Жалгирис доаѓа шпанската екипа Басконија, а дербито на колото е последниот меч од 21 часот за кога е закажан дуелот меѓу Барселона и Фенербахче.