Околу 6.000 учесници на Виз Ер Скопскиот маратон 2014

Од:

Повеќе од шест илјади учесници од 47 држави ќе учествуваат на 10-от Виз Ер Скопски маратон 2014, што ќе се одржи денеска. Ќе бидат реализирани трката на пет илјади метри, која има хуманитарен карактер, полумаратонот и главната трка маратонот на 42.195 метри. Стартот на сите трки е во 9 часот на плоштадот „Македонија“.

Годинава промотор на маратонот е светскиот рекордер, Кениецот Вилсон Кипсанг.

Годинава ќе се натпреваруваат четворица Кенијци и две Кенијки, натпреварувачи од Романија, Унгарија, Италија… Како и секоја година, Виз Ер Скопскиот маратон ќе биде и државно првенство во маратон. Ќе настапат сите македонски маратонци.

За маратонската и полумаратонската трка ќе има парични награди, а за трката на 5.000 метри стокови награди. Првите три парични награди во маратонот во машка и женска конкуренција зависат од постигнатиот резултат. За рекордот на патеката на маратонот следува дополнителна награда од 300 евра.

За најмладите вчера се одржа Colgate мини маратон, на кој учествуваа повеќе од 600 деца од основните училишта. Децата трчаа 600 метри.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ