Во Пјонгјанг денеска се одржува годишен маратон, на кој учествуваат околу 2.000 натпреварувачи, од кои половината се странци и покрај санкциите на Обединети нации за Северна Кореја поради нејзината нуклеарна и балистичка ракетна програма.
Стадионот „Ким Ил-сунг“, со капацитет од 40.000 седишта денеска е преполн со гледачи. Маратонот е дел од комеморацијата по повод одбележувањето на роденденот на Ким Ил-сунг, кој е роден на денешен ден пред 105 години.
Учесниците по почетокот на трката поминаа пред обелискот на кој пишува „Големите лидери Ким Ил-сумг и Ким Џонг-ил секогаш ќе бидат со Вас“, а потоа поминаа пред градските знаменитости, вклучително и огромните статуи од бронза на двајцата поранешни лидери.
– Помалку е надреално што сме овде. Учествувам во спортски настан во Северна Кореја, а тоа не може секој да го каже, изјави 35-годишниот Ирец, Ричи Ли.