Оклахома со победа број 40 во сезоната

Од:

Екипата на Оклахома Сити Тандер постигна успех како гостин над Портланд Трејлблејзерс со 129:121 по продолженија во средба од регуларната сезона на НБА.

Над сите за победниците беше Расел Вестбрук кој постигна 37 поени, а Пол Џорџ додаде „дабл-дабл“ – 32 поени и 14 скока, иако имаше само 30 отсто успешност од шут поле. Демијан Лилард нанижа 51 поен за Трејлблејзерс, а Јусуф Нуркиќ постигна „дабл-дабл“ од 13 поени и 17 скока, но тоа се покажа крајно недоволно за успех на домаќините.

Победата беше 40-та во сезоната за Оклахома, кој се искачи на третото место во Западната конференција, каде е во битка со тимовите на Портланд и Хјустон Рокетс. Сите три тима имаа ист бројки пред судирот во Орегон – 39-25.

Во нивните следните дуели, „громовите“ одат во посета на Лос Анџелес Клиперс, додека Трејлблејзерс ги пречекува Феникс Санс дома.

Претходно, Милвоки Бакс победи против Индиана Пејсерс со 117:98 во судир на Истокот. Јанис Адетокунбо запиша „дабл-дабл“ – 29 поени, 12 скокови. За Пејсерс Мајлс Тарнер имаше учинок од 22 поени и 17 скока.

Милвоки продолжува да води во конференцијата, откако веќе обезбеди место во плејофот, додека Индијана е трета. На нивните следни мечеви, Бакс игра дома со Шарлот Хорнетс, а Пејсерс гостуваат на Филаделфија 76-ерс.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он