Охридски пливачки маратон по 27-ми пат

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во Охрид ќе присуствува на големата спортска манифестацијата „Охридски пливачки маратон“.

Вкупно 28 пливачи од четири континенти, од кои 17 во машка и 11 во женска конкуренција, ќе учествуваат на Меѓународен пливачки маратон што по 27-ми пат ќе се плива на Охридското Езеро.
На патеката „Климе Савин“ во должина од 30 километри од Свети Наум до Градското пристаниште во Охрид ќе ги видиме водечките во генерален пласман во двете категории Даниел Блум од Аргентина и Олга Козјодуб од Русија. Тука е и Симоне Ерколи од Италија, како второпласиран во машка конкуденција.

Македонската пливачка експедиција во Охрид ќе ја предводат Томи Стефановски и Евгениј Поп-Ацев кои го делат третото место во генералниот пласман, а тука се и Александар Илиевски и Дејан Младеновски. За жал, Македонија и овојпат нема да има своја преставничка на маратонот.
Стартот на трката е закажан во стандардниот термин од 12 часот, а првите пливачи на целта се очекува да пристигнат после 17 часот, зависно временските услови.

Наградниот фонд за Охридскиот маратон што се одржува во организација на Македонската пливачка федерација изнесува десет илјади долари, а традиционално покровител на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија е претседателот Иванов.

Неприкосновен победник на Охридскиот маратон е Бугаринот Петар Стојчев, кој има триумфирано дури 11 пати и е носител на рекордот на патеката, 5:19:30 часа. Стојчев е во Охрид, но не како пливач, туку како дел од стручната придружба на нашиот маратонец Стефановски.

Охридскиот маратон е претпоследен во календарот на Гран-при серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Последниот маратон од серијата ќе се плива на 1 септември на патеката Капри кај Неапол.

Би можело да ве интересира

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид