Ракометарите на Охрид постигнаа победа во натпреварот од 5.коло од ракометниот плеј оф откако вечерва како гости во Битола го совладаа Пелистер со 27:26.
Охрид имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, а „пелистерци“ стигнаа до изедначување, но не успеаја да поведат. Ова за Пелистер е вкупно четврти пораз во серија.
Најефикасни на дуелот беа Бојан Маџовски (Пелистер) и Дарко Јанев (Охрид) со по 8 голови.
Третиот дуел од 5.коло од плеј офот меѓу Вардар и Борец ќе се одигра на 9.мај.
Табела: Металург 15 бодови (5 натпревари), Вардар 9 (4), Охрид 9 (5), Еурофарм Работник 6 (5), Пелистер 3 (5), Борец 0 (4).