Одредени групите за фудбалскиот турнир на медиуми

Од:

Од утре до недела во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе биде реализиран традиционалниот Турнир на медиумите во мал фудбал во организација на Спортско радио 90,3 фм. Со жрепка формирани се четирите групи и распоредот за групната фаза и натпреварите за пласман.

Македонската информативна агенција (МИА) е во групата „В“ заедно со Канал 5 телевизија и со Алсат М.

Во групата „А“ ќе играат: МРТ 1, Алфа и Македонско Радио.

Групата „Б“ ја сочинуваат: Нова Македонија, МРТ 2 и Сител.

Групата „Г“ ја сочинуваат: Спортско радио 90.3 фм, 24 Вести и МПМ.

МИА првиот дуел ќе го игра утре од 18 часот и 20 минути против Канал 5.

Двојките за другите утрешни натпревари се:

од 17.00 часот МРТ 1 – Алфа,

од 17.40 Нова Македонија – МРТ 2,

од 19.00 Спортско радио 90.фм – 24 Вести.

На турнирот на медиумите вообичаено ќе има голем број на ревијални мечеви а ќе биде видливо и присусутвото на познати лица од сите сегменти на општественото живеење во нашава земја.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on