Двете пресметки меѓу Металург и Чеховски Медведи, кои требаше да бидат одиграни идната недела, се откажани поради нови позитивни случаи на коронавирус во редовите на македонскиот претставник во ракометната Лига на Европа.
– Во нашите редови се дијагностицирани двајца позитивни на коронавирус. Поради тоа на клубот му е наложено да оди во изолација, бидејќи е можно и други ракометари да развијат симптоми, соопшти вечерва Металург.
Ракометарите и стручниот штаб на скопскиот прволигаш ќе останат во изолација до 16 декември, поради што Металург нема да ги одигра средбите со Чеховски Медведи во Лига Европа на 8 и на 11 декември, а ќе бидат одложени и нивните натпревари во македонската Суперлига.