Поради актуелната ситуација со коронавирусот, а во насока на превенција, заштита и безбедност, квалификациониот турнир кој требаше да се одржи во салата „Берси“ во Париз од 8 до 10 мај за обезбедување на настап на Олимписките игри во Токио 2020 е одложен, информираат од Карате федерацијата на Македонија.
Новиот датум за одржување на турнирот кој Светската карате федерација (WKF) во координација со Меѓународниот олимписки комитет го определи е од 26 до 28 март 2020 -28.03.2020 година.