Со одигрувањето на шесте натпревари синоќа почна новата сезона од кошаркарската Евролига. Веднаш на стартот се случи изненадување откако турскиот тим Пинар Каршијака ја победи Барселона со 71:62. Ова беше и единствениот дуел одигран од групата Ц.
На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Црвена Звезда – Стразбур 81:59 (А група), Олимпијакос – Цедевита 76:61 (Б група), ЦСКА Москва – Макаби 100:69, Дарушафака – Динамо Сасри 83:74 и Уникаха – Бамберг 76:71 (Д група).
Првото коло ќе биде комплетирано вечерва со натпреварите: Фенербахче – Баерн, Химки – Реал Мадрид (А група), Лимож – Анадолу Ефес, Емпорио Армани – Лаборал (Б група), Локомотив Кубан – Панатинаикос и Зиелона Гора – Жалгирис (Ц група).