Во малата сала на Спортскиот центар „Јане Сандански“ вчера почна традиционалниот турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија.
На турнирот учествува и Македонската информативна агенција (МИА) која во првото коло загуби од Канал 5 телевизија со 4:0 (полувреме 1:0).
Организаторот, Спортско радио 90.3 фм со службен резултат 3:0 го доби дуелот со 24 Вести.
На другите два денешни натпревари: МРТ – Алфа ТВ 3:6 и МРТ 2 – Нова Македонија 1:1.
Влезот за посетителите е слободен, а во наредните три дена колку што ќе трае турнирот, се очекуваат интересни дуели, ревијални мечеви и забава за присутните.
Финалните дуели се во недела.