Одиграни осум натпревари од 6. коло од кошаркарската Евролига

Од:

Екипите од кошаркарската Евролига одиграа осум натпревари од 6. коло со што почна вториот дел од првата фаза по групи.

Црвена Звезда синоќа на гостувањето кај Стразбур „испушти“ водство од 21 поен што го имаше на стартот од вториот дел и на крај дуелот го загуби со три поени разлика.

Резултати и двојки од 6.коло:

А група: Реал Мадрид – Химки 82:85, Баерн – Фенербахче 67:84, Стразбур – Црвена Звезда 78:75.

Табела: Фенербахче 5-1 (победи-порази), Химки 4-2, Стразбур 3-3, Реал Мадрид 2-4, Баерн 2-4, Црвена Звезда 2-4.

Б група: Цедевита – Олимпијакос 70:83, Лаборал – Емприо Армани 94:82, Анадолу Ефес – Лимож играат вечерва.

Табела: Олимпијакос 5-1, Лаборал 4-2, Цедевита 3-3, Анадолу Ефес 2-3, Лимож 2-3, Емпорио Армани 1-5.

Ц група: Жалгирис – Зиелона Гора 67:56, Барселона – Каршијака 107:79, Панатинаикос – Локомотив Кубан играат вечерва.

Табела: Барселона 5-1, Локомотив Кубан 4-1, Жалгирис 3-3, Панатиниаикос 2-3, Каршијака 2-4, Зиелона Гора 1-5.

Д група: Макаби – ЦСКА Москва 82:88, Бамберг – Уникаха Малага и Динамо Сасари – Дарушафака играат вечерва.

Табела: Малага 5-0, ЦСКА Москва 5-1, Бамберг 3-2, Дарушафака 2-3, Макаби 1-5, Динамо Сасари 0-5.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска