Два натпревара од 12. коло на Првата кошаркарска лига се одиграа синоќа, а фаворитите постигнаа победи. Работнички победи со 81:64 на гостувањето во Штип против тимот на Гоце Делчев, додека Куманово пред своите навивачи оствари триумф над Карпош Соколи со 89:84.
Дербито на колото се игра попладнево (17 часот) во Кавадарци меѓу Фени Индустри и Кожув. Натпреварот Водњански лисици – МЗТ Скопје Аеродром се игра на 11.февруари, а екипата на Струмица е слободна.
Табела: Работнички 18 бодови, Куманово 18, Карпош Соколи 18, Фени Индустри 17, МЗТ Скопје 15, Кожув 15, Струмица 13, Гоце Делчев 13, Водњански лисици 10.