Од утре намалени цени на ски-билетите на Попова Шапка

Од:

Ски-центарот „Попова Шапка“ од утре ги намалува цените на ски-билетите, информираат од ЕЛЕМ ТУРС.

Отсега билетите ќе се продаваат по нови цени: дневен билет – 800 денари, полудневен билет – 500 денари, детски билет – 400 денари и билет за ноќно скијање – 400 денари.

– Чистиот воздух, сончевите денови и снегот кој го има во изобилство, се идеални услови за посета на Ски-центарот „Попова Шапка“, велат од ЕЛЕМ ТУРС.

Би можело да ве интересира

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

На Попова Шапка 64 сантиметри снег, во Маврово 57, а во Крушево 36

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

Намалена видливост поради магла на патот Тетово – Попова Шапка

Провејува снег на Попова-Шапка и на преминот Пресека

Снег од 40 сантиметри во Маврови Анови и Попова Шапка

Предраг Петровиќ