Очекувани победи на Фени Индустри и Кожув

Од:

Екипите на Фени Индустри и Кожув забележаа очекувани победи над Бест и Струмица во натпреварите од 17. коло на Првата македонска кошаркарска лига.

На натпреварот одигран попладнево во Кавадарци, екипата на Фени Индустри го совлада Бест со 93:74 нанесувајќи им го на гевгелискиот тим 17-от пораз.

Во Струмица пак, истомената домашна екипа загуби од Кожув со 90:74.

Преостанатите два дуела од ова коло го носат приматот „дерби’’.

Првиот ќе се игра утревечер од 19 часот во СЦ „Борис Трајковски’’ каде второрангираната екипа на табелата Карпош Соколи го пречекува третопласираниот Куманово.

Големото градско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје Аеродром на програмата е во вторник (16 февруари) во салата Градски парк’ со почеток од 19 часот.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15-1 (победи-порази), Карпош Соколи 13-3, Куманово 11-5, Фени Индустри 10-7, Кожув 8-9, Работнички 6-10, Струмица 3-14 и Бест 0-17.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос