Очекувана победа на Еурофарм Работник против Вардар Јуниор

Од:

Ракометарите на Еурофарм Работник остварија очекувана победа против Вардар Јуниор во последниот натпревар од 17.коло во Првата машка лига на Македонија.

На средбата одиграна попладнево во Скопје, гостите од Битола забележаа победа со 31-23 полувреме 9-15, а со новите три освоени бодови само го потврдија третото место на табелата.

Во ова претпоследно коло од првиот дел од сезоната, изминатиот викенд беа одиграни другите три средби на кои беа постигнати овие резултати:
Металург 2 – Пелистер 24-35,
Охрид – Пролет 34-22,
ГРК Борец – Прилеп 41-39 и
Работнички – Радовиш 21-32.

Табела: Охрид 40 бодови, Пелистер 40, Еурофарм Работник 37, Борец 29, Радовиш 25, Прилеп 23, Пролет 22, Металург-2 18, Вардар Јуниор 14 и Работнички 0.

Последното коло на програмата е на 26 март, а по него ќе следува разигрувањето за титулата.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометари по вторпат подобри од Чиле

Ана Ололовска

Еурофарм Пелистер му го продолжи договорот на Мандалиниќ

Ана Ололовска

Брестовац го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата

Ана Ололовска

Прва победа на РК Еурофарм Пелистер во ракометната Лига Европа

Ана Ололовска

Лига Европа: Ракометарите на Еурофарм Пелистер го пречекуваат словенечки Тримо

Ана Ололовска

Лига Европа: Ракометарите на Еурофарм Пелистер гостуваат во Словенија

Ана Ололовска