Очекувана и убедлива победа на МЗТ Скопје против Бест

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром забележаа очекувана победа против Бест во дуел од 14.коло на Првата македонска лига. На средбата одиграна попладнево во СЦ „Јане Сандански“ актуелниот шампион славеше убедлив триумф над Бест со 113:70.

До тринаесеттата победа МЗТ Скопје го предводеа Љубомир Младеновски кој покрај 25-те поени имаше и 7 скокови, како и Немања Протиќ кој средбата ја заврши со 18 постигнати поени.

Кај гостите од Гевгелија единствена светла точка беше Американецот, Тајрон Харис кој постигна 20 поени.

Со овој натпревар комплетирано беше 14.коло, во кое на претходно одиграните средби беа постигнати овие резултати: Работнички – Карпош Соколи 65:80, Кожув – Куманово 73-80 и Фени Индустри – Струмица 84-66.

Табела: МЗТ Скопје 13-1 (победи-порази), Карпош Соколи 11-3, Куманово 9-5, Фени Индустри 8-6, Кожув 7-7, Работнички 5-9, Струмица 3-1 и Бест 0-14 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос