На интернет беа објавени првите фотографии на новиот поткомпактен СИВ модел на корејскиот производител „Киа“, наречен „Стоник“.
По „Хјундаи“, кој во средината на јуни го претстави малиот СУВ модел „Кона“, сега и „Киа“ ќе го лансира „Стоник“, кој ќе има саемска премиера на Авто саемот во Франкфурт во септември.
Новата „Киа“ визуелно се одвојува од остатокот на гамата, а според дизајнот на надворешноста се разликува и од останатите СУВ модели на оваа компанија. Тоа покажува дека корејскиот производител не оди по стапките на некои други автобрендови чии модели стилски се изедначени, а се разликуваат практично само по големината.
Примерокот од фотографиите има покрив кој е со различна боја од каросеријата, што значи дека на купувачите ќе им биде достапен поголем степен на индивидуалност при изборот на возило.
„Киа Стоник“ треба да има слични димензии како сестринската „Хјундаи Кона“ (4.165х1.800х1.550 милиметри и меѓуосовинско растојание од 2.600 милиметри), а се очекува и слична палета на моторот.
На европскиот пазар на купувачите може да им биде понуден и троцилиндерски 1.0 Т-ГДИ турбо бензинец со шестбрзински мануелен менувач, кој произведува 120 коњски сили, а се очекува и 1.6 литарски „дизелаш“.
Во врвот на понудата треба да биде 1.6 литарски Т-ГДИ турбо бензинец со четири цилиндри, кој испорачува 177 коњски сили и 265 њутн метри вртлив момент.