По фотографиите од надворешноста на новиот Вранглер, што треба да се појави на пазарот наредната 2018 година, Џип покажува како теренецот изгледа однатре.
Американскиот производител ги објави првите фотографии од возилото, коешто светската премиера ќе ја има на 29-ти месецов на Автосалонот во Лос Анџелес.
Дизајнерите го комбинирале традиционалниот стил со најсовремената технологија. Од една страна, дизајнот може да се оквалификува како класичен, со доста „физички” команди – точкички и прекинувачи, додека пак, врвот на централната конзола личи на голем екран на додир, кој всушност е прилично софистициран.
Компанијата се пофали и со врвен квалитет и прилично комфорни седишта.