Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата

Од:

Рускиот борач Хабиб Нурмагомедов ја одбрани УФЦ титулата, откако со технички нокаут во четвртата рунда го победи Ирецот Конор Мекгрегор.

Нурмагомедов доминираше во првите две рунди, но ирскиот борач успеа да се врати во  третата рунда. Мекгрегор имаше поголем број значајни удари и ја доби oваа рунда.

Во следната рунда видливо беше дека ирскиот борач нема доволно сила и Нурмагомедов го присили Мекгрегор да се предаде.

По завршувањето на борбата се случи и инцидент, кој за среќа кратко траеше и заврши без повредени.

Нурмагомедов го нападна спаринг – партнерот на Мекгрегор, а потоа започна физичка пресметка меѓу повеќе лица. По натпреварот тројца членови од тимот на Нурмагомедов беа уапсени поради напад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брутален нокаут: Волкановски ја загуби титулата

(ВИДЕО) Адесања спектакуларно го нокаутираше Переира: Три пати загуби од Бразилецот, четвртиот пат славеше

Предраг Петровиќ

Махачев ја доби „војната“ на шампиони против Волкановски

Борбата најавена како спектакл траеше само 16 секунди

(ВИДЕО) УФЦ: Махачев го „суреди“ Грин за една рунда, па побара меч за титула

Ана Ололовска

ВИДЕО: Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот

Ана Ололовска