Ново реми меѓу ракометарите на Словенија и Македонија

Од:

Ракометните репрезентации на Словенија и на Македонија и во вториот контролен натпревар пред Европското првенство во Полска одиграа нерешено. По вчерашните 28:28 во Кршко, вечерва во Цеље натпреварот заврши 23:23.

Македонската репрезентација во 52. минута имаше три голови предност 23:20, но до крајот Словенија успеа да стигне до израмнување, иако последниот удар од девет метри на Деан Бомбач, голманот на Македонија Никола Митревски го одбрани. Во 56. минута при гол предност за Македонија Борко Ристовски успеа да одбрани седмерец.
Првиот дел Словенија го доби со 13:12, а во вториот дел беше 11:10 за Македонија, па така Македонија на двата натпревара во вториот дел играше подобро во одбраната и прими по 10 гола. На стартот од вториот дел и Словенија имаше +3 (16:13).
Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со седум голови.

Македонската репрезентација утре се враќа во Скопје и по двата слободни дена новиот собир ќе биде на 8. јануари, а следните два контролни натпревара ги игра со Црна Гора во Скопје на 10. и 11. јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска