Ново изненадување на Вимблдон, елиминиран Давид Федер

Од:

На третиот натпреварувачки ден на Гренд слем турнирот во Вимблдон, се случи и второто изненадување. Во рамки од 2.коло на машкиот дел од тенискиот турнир, Русинот Андреј Кузнетцов приреди ново изненадување елиминирајќи го Шпанецот Давид Ферер, кој е седми носител.

Кузнетцов, кој е на 188-мето на АТП листата, првпат во својата кариера успева да го мине второто коло на Вимблдон.

Дваесет и тригодишниот Русин во меч кој траеше 3 час и 11 минути, иако на двапати имаше негатива со 1:0 и 2:1 во сетови, сепак на крајот успеа да го совлада Ферер со 3-2 (по сетови 6:7, 6:0, 3:6, 6:3 и 6:2)

Потсетување дека првото изненадување денеска го приреди Украинецот Сергеј Стаховски кој по три сета го елиминира Ернест Грлбис од Летонија, кој на Вимблдон беше 12-ти носител.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров