Најдобрата македонска тенисерка успеа да избори уште едно финале во 2014 година. Таа денеска во полуфиналето на фјучрсот во Анталија ја победи Елине Боикенс од Белгија со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Ѓорческа освои 20 поени повеќе од противничката (71:51), а не и дозволи ниту една брејк топка (Ѓорческа 3/6, Боикенс 0/2).
Ова за нашата тенисерка ќе биде 4.то финале во 2014 година, а ќе игра против Пиа Кониг која без борба се пласира во финалето откако првата носителка Настија Колар од Словенија го предаде мечот на третата носителка Пиа Кониг од Австрија.
Ѓорческа на еден од претходните турнири во Анталија во двојки играше заедно со Кониг.