Ново четвртфинале за Ѓорческа во Хрватска

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа, која е втора носителка на фјучрсот во Бол успеа да се пласира во четвртфиналето откако денеска во 2.коло ја победи словенечката тенисерка Тамара Зиданшек (676.место ВТА листа).

Со пласманот во четвртфиналето таа го повтори успехот од претходната недела на турнирот во Хрватска. Нашата тенисерка успеа да го добие првиот сет со 6:4 во гемови, а во следниот Зиданшек беше подобра со 6:2 и изедначи на 1-1. Во решавачкиот сет Ѓорческа „возврати“ со 6:2 во гемови и успеа да ја елиминира противничката. Ѓорческа во текот на мечот имаше осум брејка, а противничката седум.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Наталија Вајдова од Словачка (756.место ВТА), која денеска беше подобра со 2:1 во сетови од Александра Перпер од Молдавија.

Попладнево на машкиот дел од фјучрс турнирот во игра на двојки ќе настапи и македонскиот тенисер Стефан Мицов заедно со Антун Видак, кои ќе играат во четвртфиналето против првите носители Меверик Бејнс и Гевин Ван Перперцел од Австралија. Вчера Мицов во сингл конкуренција беше елиминиран во првото коло од првиот носител Јаник Мертенс.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров