Новото бразилско чудо од дете се сели во Челзи, Роналдо тврди дека „Естевао е талентиран како Јамал“

Од:

Бразил е вистински извор на таленти, а возбудата околу Ендрик се уште не згасна, но се појави ново чудо од дете кое според фудбалските стручњаци треба да го освои светот.

Неговото име е Естевао Вилијан, има 17 години и игра за Палмеирас, исто како и Ендрик.

Досега има 45 настапи за славниот клуб во кои постигна 15 гола и 10 асистенции, па не е ни чудо што Челзи го купи за 34 милиони евра, а на лондонскиот клуб ќе му се приклучи на крајот од сезоната кога тој ќе наполни 18 години.

Пофално за него зборуваше и легендарниот Роналдо, кој отиде дотаму што неговиот талент го спореди со Ламине Јамал.

“Тој е многу талентиран, како Ламине Јамал. Наскоро ќе биде голема ѕвезда. Мислам дека ќе игра уште едно Светско клупско првенство за Палмеирас, а потоа ќе замине во Челзи”, изјави Роналдо за новинарот на GiveMeSport, Бен Џејкобс.

Инаку, за талентот на Естевао говори и тоа што веќе има четири настапи за сениорската репрезентација на Бразил.

Би можело да ве интересира

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ

Венус Вилијамс се уште игра на 45 години

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Почина млад српски кошаркар (15)

Српскиот тенисер Меѓедовиќ го „згази“ Медведев

Предраг Петровиќ

Здружението на Ѓоковиќ за Синер: „Пристрасноста е неприфатлива“