Новиот Тесла Роудстер ќе има автономија до 640 километри

Од:

Првиот модел што излезе од фабриката Тесла Моторс, спортскиот двосед Роудстер во иднина ќе може да мине од Лос Анџелес до Сан Франциско без запирање, изјави Илон Маск.

Маск кој неодамна најави дека до крајот на годината ќе претстави детали за новата верзија на Тесла Роудстер, на Твитер објави дека едно од подобрувањате ќе биде зголемениот радиус на движење на речиси 644 километри.

Моментално Тесла Роудстер има литиум-јонска батерија со 6.831 келија, што на возачот овозможува со едно полнење да мине до 394 километри.

Засега не е познато колку време ќе биде потребно за полнење на новата батерија. Старата батерија се полни за 3,5 часа и користи Тесла полнач од 240 волти и 70 ампери.

Маск најави дека наскоро ќе бидат објавени и сите детали за новиот Роудстер.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска